| четврток, 6 декември 2018 |

Детаљ над деталите – тепих

 

Тепихот е еден од носечките елементи на стилот во домот, детаљ над деталите, а освен тоа тој е најпрактична, сестрана и модерна опција за прекривање на подот. Од практична страна тепихот овозможува одлична термо и звучна изолација, па е совршено решение за станови во колективно домови. Од убавата страна, изборот на тепих игра голема улога за крајниот изглед на ентериерот. Затоа треба да се обрне големо внимание на нијансите, дезенот, големината, составот на материјалот…

Кога се работи за нијансите, дизајнерите предлагаат контрастни бои во однос на ѕидовите и мебелот. Доколку се е во ист тон, просторот може да изгледа здодевно.

218-soveti-za-domot-3

Најдобро е да купите теписи изработени од волна бидејќи се најлесни за одржување, но доколку не можете да си дозволите, определете се за синтетика.

Во модерниот ентериер тепихот го покрива целосно подот. Во големи соби треба да биде поставен на 40 цм од ѕидот, а во мали на 20. Поради практичност се препорачува ходникот целосно да е покриен со тепих.

218-soveti-za-domot-1

Во дневната соба улогата на тепихот е да го обележи просторот каде седат гости.

218-soveti-za-domot-5
Дизајнерите советуваат предниот дел на мебелот да биде поставен на тепихот додека задниот може да е на самиот раб на тепихот.

218-soveti-za-domot-6

Во трпезаријата најдобро е тепихот да биде доволно голем столовите околу масата да стојат на него со четирите ногари за да не го гребат подот.

218-soveti-za-domot-4

Некои дизјанери советуваат дека при уредувањето на ентериерот најдобро е прво да се започне со изборот на тепихот, мебелот, завесите…

218-soveti-za-domot-2
Ако пак започнете обратно можно е да поминат месеци додека да го најдете идеалниот тепих за просторот што го уредувате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top