| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Докторите се задоволни од најавата за набавка на нова медицинска опрема

– Ние направивме еден список на апаратура која веќе ја имаме и која е употреблива, но направивме и дел, бидејќи знаете дека детската клиника е мини клинички центар и имаме од секоја посебна област одделенија кои бараат исто така помодерен пристап кон дијагностицирање и сфативме дека во делот каде што е интензивната нега и терапија која е клучна имаме одредена апаратура која ја добивме, ја дополнуваме истата, истакна Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести по најавата за набавка на нови 3.700 медицински апарати кои ќе бидат обезбедени за клиниките.

– Во однос во другите апарати кои се потребни за да ја подобриме дијагностиката и оние пациенти кои некогаш барале да извршат услуги од дијагностика, па да ги праќаме во странство, сега ќе можат тука да ги извршат. Во однос на понатамошниот тек ќе значи дијагностика која ќе ја држи државата на повисок стандард, рече Софијанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top