| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио скротен, во Тексас се свиреше Џез (видео)

san-antonio

Кошаркарите на Јута џез го приредија најголемото изненадување на синоќешните натпревари од НБА-лигата, триумфирајќи со 91-106 на гостувањето против Сан Антонио. „Мамузите“ влегоа во овој меч со максимален скор од 3-0, но немаа лек за расположените гостински кошаркари. Победата беше најавена со одличната прва четвртина во која Јута постигна дури 38 поени (28-38). Сан Антонио успеа да се врати, но гостите повторно блеснаа во последните дванаесет минути, добивајќи го четвртиот период со двоцифрена разлика и заслужено стигнувајќи до триумф. Хил со 22 и Худ со 19 поени беа најефикасни кај Јута, додека кај Сан Антонио двоцифрен ефект имаа единствено Леонард (30 поени) и Олдриџ (21 поен).

Максимално атрактивен офанзивен меч се одигра во Кливленд, каде актуелниот шампион славеше над Хјустон со 128-120. Џејмс Харден одигра одличен меч со 41 поен и 15 асистенции за гостите, но и тоа беше недоволно за да се земе скалпот на шампионот, во чии редови Ирвинг постигна 32 поени, а Леброн Џејмс заврши со 19 поени и 13 скокови.

По стартниот пораз, вицешампионот Голден Стејт Вориорс поврза три победи, последната во Портланд со 104-127. Прво име на средбата беше Стеф Кари со 28 поени, а имаше и 4 скока и 3 асистенции. Веднаш зад него беше Кевин Дурент постигна 20 поени, а и колективот одигра значајна улога во победата.

НБА резултати:

Детроит – Њујорк 102-89, Мајами – Сакраменто 108-96 (по прод.) Кливленд – Хјустон 128-120, Филаделфија – Орландо 101-103, Индијана – ЛА лејкерс 115-108, Минесота – Мемфис 116-80, Њу Орлеанс – Милвоки 113-117, Сан Антонио – Јута 91-106, Портлнд – Голден стејт 104-127.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top