Интересно е што во непосредна близина на Ојмјакон се наоѓаат бројни и богати извори топла вода, а реката Индигирка е доста погодна за риболов.
Населението на најстуденото населено место на светот во принцип се прехранува со месо, како поради неговите високи калорични вредности, така и поради проблемите со транспорт на свежо овошје и зеленчук. Со оглед на тоа дека земјата се замрзнува до голема длабочина, Русите кои овде живеат имаат проблеми дури и со изградба на одвод за канализација, па тоалетите ги сместуваат обично надвор од домот.
Користењето на мобилниот во зима е скоро невозможно затоа што уредите редовно смрзнуваат во џеповите, а оние кои немаат греење во гаражите, автомобилите не ги гаснат преку ноќ затоа што наутро нема да можат да ги запалат.
Доколку сето тоа не ви е доволно силен показател е вртоглавата ниска температура на рускиот Далечен исток во период на најголемо студенило луѓето мора да внимаваат и на тоа како и колку бргу го вдишуваат воздухот. Доколку дишат предлабоко или пребрзо, на белите дробови можат да добијат гребнатини. Занимавање со спортови на отворено не доаѓа в предвид.
Како изгледа прекрасна, но и немилосрдна секојдневица во Ојмикрон за крај можете да погледнете во феноменалната галерија на Алмос Чапле кој поминал два дена во оваа населено место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)