
– Во повеќе наврати сум велел и пак ќе повторам, фалсификат на избори во Република Македонија од 2008 година откако станав член на Државната изборна комисија, немало, истакна Влатко Сајкоски.
Тој сепак додаде дека постоеле обиди за фалсификување. Имало ситуации каде што организирани лица правеле неправилности од различен обем, и ситуации кои биле навистина дискутабилни и посочени од страна на повеќемина учесници на изборната трка.
– Државната изборна комисија ги посочи ваквите појави и на тие места изборите беа поништени, по што повторно се гласаше и се постигна реалната бројка за точниот број освоени гласови на секоја политичка партија, појасни Сајкоски.
Влатко Сајкоски, поранешен член на ДИК гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ Нова каде се зобруваше на тема: Што се случи со фантомските гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


