| четврток, 6 декември 2018 |

Сајкоски: Избирачкиот список не беше проблематичен и пред оваа иницијатива

sajkoski-768x329

Избирачкиот список не беше проблематичен и пред оваа иницијатива, напротив, сега се потврди дека избирачкиот список бил исправен, истакна Влатко Сајкоски, поранешен член на ДИК.

Тој додаде дека прашањето за избирачкиот список има некоја генеза на проблематизирање во последните 25 години, а во минатото имаше и посебни комисии кои се занимаваа со избирачкот спосок.

– Непотребно избирачкиот список се става на пијадесталот на проблематични активности од причини што им се разбирливи и на оние што го поставуваат како прашање. Последните бројки упатуваат на тоа дека тој е соодветен. Како член на ДИК во 2013-та година, морам да истакнам дека тогаш беа отстранети околу 120.000 лица кои немаа соодветна идентификација, врз основа на новиот закон за биометриски документи и оттогаш до денес никој кој нема важачка лична карта или патна исправа не се наоѓа на избирачкиот список, појасни Сакоски.

Влатко Сајкоски беше гостин во „Отвореното студио“ на ТВ Нова, на тема „Што се случи со фантомите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top