Џоли Бартоломе на Снепчет објави видео снимка која е единствен доказ за сообраќајната несреќа која ја предизвика нејзиното момче, Пабло Кортез при дивеење на автопатот.
На снимката се гледа дека Кортез возел со брзина од 190 километри на час и при тоа предизвикал сообраќајна несреќа во која загинаа 5 лица, меѓу кои и 2 деца.
Сообраќајната несреќа се случи во Тампа во Америка.
Кортез при брзото возење изгубил контрола над возилото, поминал во спротивната лента и директно се судрил со „тојота“ која доаѓала од спротивен правец.
По сударот „тојотата“ се запалила и притоа загинале: Џон Бернал (9), Изабел Бернал (10) и Марианела Муриљо (39). Џоли и Пабло исто тка загинале во сообраќајната несреќа.
Покрај нив, уште две лица во тешка состојба се префрлени во блиската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


