Според српските медиуми, Легијата пател од депресија поради тоа што му недостасувале интимни моменти со неговата невенчана сопруга Александра Ивановиќ.
-Легија многу ја сака и почитува својата сопруга, но пати поради тоа што не може да ја допре поради непробивното стакло. Поради тоа многу би му значело да му се укине изолацијата во „Алкатраз“ и да му се одобри правото да има љубовна соба- открил извор близок до Легијата и Александра, пренесуваат српските медиуми.
Легија од 2-ри мај 2004-та година се наоѓа во самица, а изолацијата му е продолжена до јули 2018-та година, што значи дека најмалку до тогаш нема да биде во контакт со својата сопруга.
Јован Мариќ, познат српски психијатар и сексолог за српските медиуми вели дека затворениците кои што долго време немале сексуален однос, патат од несоница, нервозни се и често имаат напади на агресија.
-Тоа може негативно да се одрази на нивната психа. Затворениците поради тоа им се препуштаат на еротските соништа и мастурбацијата. Со оглед на тоа што многумина не ги сакаат таканаречените затворски љубовни соби, затворениците во заедничките соби се впуштаат во хомосексуални врски. Тоа е таканаречен ситуациски хомосексуализам – вели Јован Мариќ.
Тој вели дека кај него доаѓаат сопругите на затворениците на кои што исто така им недостасуваат интимните односи со нивните сопрузи.
-Тоа се „бели вдовици“. Многу од нив ми велат дека им е тешко да имаат сексуалн односи во затворските „љубовни соби“ затоа што таму има многу луѓе. Времето им е ограничено, а им пречи и тоа што пред собите секогаш има чувари. Поради тоа често браковите пукаат- нагласува Мариќ.
Психологот Радомир Чолаковиќ тврди дека доволно било што Легијата своите гревови ги наплаќа со тоа што е во затвор, па не треба да се турка во ситуационен хомосексуализам.
-На Легијата, исто како и на останатите затвореници, треба да им се овозможи да го реализираат сексуалниот нагон во човечки услови. Во спротивно, се казнува и неговата сопруга за дело за кое што тој одговара. Што ако кај затвореникот или неговиот партнер се појави желбата за да добијат дете? Дали тоа основно човеково право треба да им се скрати? Дали треба да му се скрати и некој друг нагон? Нагонот за храна? Кратењето на нормалните потреби значи нарушување на неговото физичко и ментално здравје. Тоталната сексуална апстиненција може дури и да предизвика инфаркт, додека последиците на ментален план се многу потешки затоа што се јавува пореметување на сонот, депресија, анксиозност, пад на самодовербата, концентрацијата и вкупната ефикасност- објаснува Чолаковиќ.
Апстиненција му била наметната и на Звездан Јовановиќ кој 13 и пол години немал интимни односи со сопругата Оливера Јовановиќ затоа што и тој бил сместен во „Алкатраз“. Најдолг сексуален пост имал кумот на Легија, Ненад Бујошевиќ Рамбо кој немал сексуални односи со сопругата Сања цели 15 и пол години затоа што на двајцата им се гадела љубовната соба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.