| четврток, 6 декември 2018 |

Мислеше дека умира: Повреден моторџија сними порака додека лежеше во провалија, а потоа се случило чудо (Видео)

Кевин Дипенбрук (41) откако паднал од својот мотор по тешка сообраќајна несреќа, снимил видео порака за своите најблиски мислејќи дека ќе му биде последна шанса да им се обрати. Тој лежел беспомошен во еден шумски предел на границата помеѓу Тенеси и Северна Каролина во САД додека чекал некој да го најде.

Не можел да се помрдне и да побара помош, па решил да им сними порака на своите најблиски.

– Жал ми е. Навистина за*бав работа. Сега е ококу 10,30 часот, а веќе некое време лежам тука. Паднат сум во провалија и не можам да мрднам. Ве сакам и бев навистина глупав, вели тој пред да ја исклучи камерата.

За среќа Кевин го пронашле и болничарите и успеале да го спасат, но неговиот другар кој исто така бил на моторот со него во сообраќајката го загубил животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top