| четврток, 6 декември 2018 |

Кампусот клиники „Мајка Тереза“ ќе добие една третина од новите апарати

todorov-top

За кампусот клиники „Мајка Тереза“ ќе бидат набавени 936 апарати во вредност од 11,5 милиони евра. Значи една третина од целата набавка на медицинска опрема ќе биде за кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за проектот за набавка на 3.700 медицински апарати во вредност од 33 милиони евра за над 100 јавни здравствени установи во државата.

– Ова е одлична вест за сите здравствени работници, за сите пациенти, за сите граѓани, затоа што на овој начин сериозно ќе се обнови опремата која ја има во здравството во Македонија, но и ќе се набави опрема што досега ја немало, рече Тодоров по работната посета на Клиниката за инфективни болести.

Посочи дека тоа го показува и фокусот на Министерството за здравство, но и реалните потреби, затоа што, како што рече, тука е врвната медицина и се слеваат огромен број особено тешки пациенти кои имаат потреба да бидат третирани на најсовремена медицинска опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top