| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрев одново ќе суди европски меч, овојпат во Фиренца

Aleksandar-Stavrev-sport193-4

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од Комисијата на УЕФА е одреден за главен судија во 4. коло на Лигата на Европа на мечот меѓу Фиорентина и Либерец од Чешка кој ќе се одигра во Фиренца в четврток, на 3. ноември. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Неделковски, четврти судија ќе биде Гоце Петревски, зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимоски.

Во Лига на Европа ќе биде ангажиран и Жарко Игњатовски кој е одреден за организационен директор на мечот во Русија меѓу Зорја и Феенорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top