| четврток, 6 декември 2018 |

Две евра авионска карта на само 200 км од Скопје

Лоциран на помалку од 200 километри од Скопје, аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, Србија, бележи се поголем број на патиници и станува еден од водечките мали аеродроми во регионот. Од него летаат компаниите „Визер“ и „Рајанер“, а цените на некои карти се веќе од 2 евра.

Патниците се задоволни, бидејќи картите се евтини, па се исплати од Белград да се лета до Ниш. И тие блиску до Ниш не го кријат задоволството. Вкупниот број на дестинации до кои ќе може да се лета од Ниш веќе идниот месец ќе бидат девет, пишува „Ал џазира“.

Нишкиот аеродром ќе забележи рекорден број на патници од основањето. Плановите се во идната година бројот на патниците да биде 300.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top