| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилеен гала-концерт на диригентот Томислав Шопов

Македонската опера и балет во среда (02.11.) приредува јубилеен Гала концерт во чест на нашиот истакнат диригент, Томислав Шопов. Поводот се неговите 50 Години уметничка дејност. На концертот ќе настапат повеќе хорови, солисти и диригенти: Академскиот  хор „Мирче Ацев“, камерниот хор „Франце Прешерн“, на истоименото словенечко здружение во Скопје, камерниот хор „Моис Хасон“ на Еврејската заедница на Република Македонија.

Програма:

  1. Georg Bizet – Увертира од операта „Carmen“- Оркестарот на МОБ
  2. A.Mozart: „REQUIEM“: – Dies irae, Tuba mirum,-солисти: Гонца Богоромова, Владимир Саздовски, Ирена Кавкалевска и Јане Дунимаглоски, Rex tremendae, Lacrimosa- Трите гостински хорови
  3. Трајко Прокопиев: – „Ја излези стара мајко“ од операта „Кузман Капидан“, солисти: Игор Ѓиновски, Дарко Нешковски и трите гостински хорови
  4. Александар Лековски: – „Живеј граде“ од кантатата „Елан“-Трите гостински хорови
  5. Carl Orff: „Carmina Burana“: – in Trutina, Tempus est iocundum, Dulcissime, солист: Наде Талевска, Ave formosissima, O Fortuna, Трите гостински хорови и хорот на МОБ
  6. Giuseppe Verdi: „La Traviata“: Scena ed Aria Alfredo, солист: Зоран Сотиров, Scena ed Aria Germont, солист: Ристе Велков, Scena ed Aria Violetta – Finale AttoI, солист: Славица Петровска Галиќ
  7. Giuseppe Verdi: „Il Trovatore“: Aria di Manrico, солист: Никола Стојчески, Scena e duetto – Leonora e Conte, солисти: Весна Ѓиновска-Илкова и Борис Трајанов
  8. Giuseppe Verdi: „AIDA“: Триумфална сцена – финале, солисти: Цветан Стојановски, Весна Ѓиновска- Илкова, Ристе Велков, Ирена Кавкалевска, Игор Дурловски и Владимир Саздовски, оркестарот и хорот на МОБ

Диригенти: Томислав Шопов, Андреј Наунов, Иван Еминовиќ и Бисера Чадловска; Сценарио и водител: Крсто Скубев; Режија: Трајко Јордановски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top