| четврток, 6 декември 2018 |

Татко ѝ ја бара со полиција, таа кај свекрвата: Се омажи седмоодделенка во Куманово

Пред три дена во билтенот на Министерството за внатрешни работи стоеше дека 14-годишно девојче од Куманово било пријавено за исчезнато од страна на нејзиниот татко.

Ниту некој молел, ниту пак полицијата се намачила во потрагата. Како што велат извори од СВР Куманово девојката веднаш била лоцирана и не е исчезната, туку заминала од дома и се омажила.

Кога ја лоцирале полициските службеници истата не сакала да се врати кај родителите, па бидејќи е малолетна во билтенот е заведено дека само била пријавена за исчезната, а не дека и се губи секаков траг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top