| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Страторски со кој кадетите ја победија Албанија (видео)

makedonija-u17-300x2002x

Македонската репрезентација за играчи до 17 години со погодокот на Ангел Страторски вчера во Форли, Италија, стигна до триумф од 2-1 против соодветната селекција на Албанија со кој, освојувајќи го третото место, останавме со надеж за пласман во елитната рунда квалификации следната година, за пласман на ЕП.

Страторски погоди во 63. минута за 2-1, откако по слободниот удар на Дарко Чурлинов одлично реагираше на одбиената топка сместувајќи во мрежата на Албанците.

Македонија со 4 бода, заврши на третата позиција во групата 3, зад Италија и Србија кои директно се пласираа во елитните квалификации, во моментов на петтото место на табелата на најдоброрангираните третопласирани репрезентации од одиграни 12 групи. Со оглед на тоа што, само пет најдобри третопласирани селекции продолжуваат понатаму во квалификациите, се ќе зависи од последната група која се игра во Израел од денеска па до 6. ноември, а во која покрај домаќинот се Ерменија, Исланд и Полска.

При ранкингот на најдобрите третопласирани репрезентации се земаат во предвид само дуелите со првопласираните две селекции во групата. Македонија има 1 бод (по ремито без голови со Италија) и гол разлика 1:3… Пред нас, од третопласираните, се Црна Гора, Украина, Белгија и Чешка кои исто така имаат по еден бод, но подобра гол разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top