Со ревијата на македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева синоќа во „Скопје Мериот хотел“ заврши втората вечер на 14. издание на Моден викенд Скопје.
Ѓоргиева ја претстави најновата колекција „Допир на мојата душа“ (Touch of my soul).
– Изминативе неколку сезони полека се навраќам кон сопствените корени, кон личниот стил на креирање и користам техники и дезени кои биле користени во создавањето од моите предци. Колекцијата е модерна верзија на мојот производ со длабоки корени на мојата исторја – вели Ѓоргиева.
Дејан Тодоровиќ кој учествува по втор пат на Моден викенд Скопје ја прикажа колекцијата “Look@me”, која како што вели е инспирирана од женската убавина која го привлекува вниманието сама по себе со погледите вперени кон неа.
Етикетата „Elezi Paris“ која ја потпишува Флора Елези e фокусирана на есенските бои со нагласени златни и сребрени тонови. „Допири од бои на свила, кадифе и чиста волна“.
Вечерва, Моден викенд Скопје се затвора со колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот „Кариера Плус“: Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева, ревијата на Марија Трајанова, модниот перформанс на Ена Зафировска поддржана од „Пакомак“ и Ирина Тошева.
фото: Дими и Ани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мијата манекенка на Моден викенд Скопје
-
Олгица Ѓоргиева го затвори 17. издание на Моден викенд Скопје
-
Олгица Ѓоргиева, моден дизајнер: „Мемоарите на една гејша“ е колекција која лесно се прилагодува за секакви настани
-
Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска ќе го отворат 17. Моден викенд, Олгица Ѓоргиева го затвора пролетното издание