| четврток, 6 декември 2018 |

Екипата на Сале Мутави го претепа водачот на криминалната група „Америка“ (Вознемирувачко видео)

Дарко Ристиќ Меда го претепал водачот на криминалната група „Америка“, Зоран Јакшиќ, додека тајно престојувал во Белград открива српскиот весник „Курир“.

Инцидентот се случил на почетокот на минатата година во познат белградски клуб. Ристиќ во јавноста е познат како ортак на Александар Станковиќ или Сале Мутави кој беше убиен на средината на овој месец. Станковиќ беше водач на навивачката група „Јаничари“, а неговиот верен друга Меда е член на оваа хулиганска организација

Инаку, Јакшиќ летово во Перу бил уапсен за шверц на половина тон кокаин од Јужна Америка во Европа.

Групата „Америка“ во Белград во 90-тите стана познат клан. За оваа група постои полициско досие од 1997 година кога на сè уште нерасветлен начин исчезна нејзиниот основач Војислав Раичевиќ – Војо Американец. Судирите во подземејето по неговото исчезнување ги одбележаа 90-тите години.

Своевремено е соопштено дека групата „Америка“ во Германија, Шведска, Холандија, Италија, Унгарија и во земјите од поранешна Југославија извршила повеќе од 20 убиства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top