Јапонскиот пејач Пико Таро успеа да го надмине славниот Гангнам стајл. Песната „Пенкало, ананас, јаболко, пенкало“, ако и може да се нарече песна , трае само 45 секунди и е најкраткото остварување кое се појавило на Билборд листата на хитови.
Песната која за многумина е наследничка на мегапопуларниот „Гангнам стајл“ кој на Јутјуб веќе има повеќе од милијарда прегледи , го освои интернетот и социјалните мрежи. Смешната песна во која се пее за ананас и пенкало, толку многу го освои интернетот што веќе влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Инаку „Главен виновник“ за екстремна популарниот на новиот хит има светската музичка ѕвезда Џастин Бибер кој видеото од песната го сподели на интернет со коментар дека ова е „неговата омилена снимка на целиот интернет“.
Видеото досега на интернет собра неверојатни 400 милиони прегледи, а самиот Пико Таро кој истакна дека досега не заработил ништо од песната, е благодарен за „Џастин ефектот“. та „Пенкало, ананас, јаболко, пенкало“, ако и може да се нарече песна , трае само 45 секунди и е најкраткото остварување кое се појавило на Билборд листата на хитови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)