Ибрахимовиќ последниот првенствен гол го постигна дури на 10. септември во поразот од Манчестер Сити…
Веќе шест првенствени натпревари во низа Златан Ибрахимовиќ не знае за погодок, што е негова најлоша првенствена низа уште од 2007. година кога го носеше дресот на Интер.
Но, она што е уште поневеројатно е податокот дека Ибра во тој период – од последниот гол на 10. септември – на противничкиот гол шутирал дури 42 пати. Или преведено, повеќе од било кој играч во Премиер лигата од почетокот на сезоната до денес.
Ибрахимовиќ беше особено очаен минатиот викенд, кога Барнли благодарение на голманот Том Хитон зачува 0:0 на „Олд Трафорд“. Шведскиот напаѓач на тој натпревар упати дури 12 удари – три му одбрани Хатон, трипати го промаши голот, а шест ги блокираше гостинската одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)