| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта на Косово и Клинтонови: анализа на БиБиСи за американските бизнис интереси

Косовските албанци ги обожуваат Бил и Хирали Клинтон, за што сведочат и именувањата на улиците по нив и поставувањето на нивни споменици, пишува БиБиСи.

Во текстот се наведува дека занекого „Bulevardi Xhorxh Bush“ некому би му било тешко да разбере името на Џорџ Буш, оној „Bulevardi“ кој му припаѓа на Бил Клинтон е многу попрепознатлив.

Властите во Приштина на поранешниот американски претседател Бил Клинтон му посветија улица, но и споменик кој што лично Клинтон го откри при приватната посета на градот во 2009 година.

Недалеку од споменикот отворен е бутик за женска облека кој се вика „Хилари“ а како сопствениците велат за БиБиСи, тие многу ја ценат г-ѓа Клинтон, бидејќи од нив „светот дознал за нивните проблеми“.

Поранешниот функционер Андреа Капусела вели дека Клинтон е заслужен не само за бомбардирањето на Србија во 1999 година, со која сакал да ја спречи „насилната репресија на Албанците на Косово“, туку тоа било шанса и да се воспостави одреден принцип.

-Западните влади, а особено Вашингтон, во Косово видоа шанса да воспостават принцип по кој секој пат кога тврдат дека постои вистинска хуманитарна криза, ќе можат воено да интервенираат, без оглед на авторизација од Советот за безбедност- додава Капусела.

Тој додава дека бројни официјални лица од САД кои имаа врска со бомбардирањето , потоа сакале да ја продлабочат својата врска со Косово и на бизнис план, па како пример ја навел поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, која се вмеша во приватизацијата на државните телекомуникациски компании.

-Поранешниот командант на сојузничките НАТО сили Весли Кларк претседава со канадската енергетска компанија „Енвидити“ која во август и предложила на косовската влада експлоатација на јаглен, а со договорот им е овозможена експлоатација на третина од земјата- додава Капусела.

Како пример го наведува и поранешниот амбасадор на САД Кристофер Дела, кој лобираше за потпишување на договорот за изградба на „Патриотскиот автопат“ до Албанија, кој би го градела американската компанија „Бектел“.

-САД имаат големо влијание на Косово, но немаат интерес да го искористат за долгорочен развој. Трагедијата е во тоа што на Европа и е во интерес развојот на Косово, но многу е тешко да се поттурне тој интерес- заклучува Капусела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top