Новата синтетичка дрога која корисниците ја нарекуваат „Пинк” или “Пинки”, сè почесто убива млади зависници во САД.
„Пинки“ може да се купи преки интернет, а најлесно е да се најде на кинески веб страни, пишува британски Mирор.
Овој опијат во научните кругови е познат под името “U-47700″.
Неколку американски сојузни држави веднаш реагирале и ја забраниле оваа супстанца, која сè уште е релативно непозната и неистражена дрога.
Станува збор за дрога која е многу посилна од хероин.
Таа дрога во мозокот произведува слични биохемиски процеси кои се поврзуваат со активностите во секојдневниот живот и разни телесни задоволства, предупредуваат лекарите.
„Пинки” се појавува во разни облици – корисниците го шмркаат, го консумираат по орален или ректален пат.
Дрогата е направена уште во 70-тите години од минатиот век. Изворно е замислена како синтетичка алтернатива за морфиум, објаснуваат експерти.
Велика Британија ги забранила сите нови психоактивни дроги, но Британците „Пинки” успешно го набавуваат преку интернет.
Еден грам „Пинки” дилерите го продаваат за 15 фунти, наведуваат полициски извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.