-Користеше лажен идентитет за да запознава мажи и жени со кои подоцна стапуваше во сексуален однос, а во својот компјутер чуваше голема количина на порнографски содржини- рекла на судот партнерката на свештеникот.
Католичкиот Џејмс Деј учествувал во оргии, посетувал геј сауни и собирал „перверзен порнографски материјал“, а кога неговите тајни биле откриени тој бил избркан од црквата.
Партнерката на Деј на црквата и доставила информации за неговиот двоен живот.
-Свештеникот се однесувал неприкладно и девијантно и со тоа го нарушил угледот на црквата. Поради тоа доживотно му е забрането да се занимава со свештенички повик- стои во соопштението на англиската, пренесува Telegraf.rs.
Бирт Деј, партнерката на свештеникот, пред црковниот суд во Лондон сведочела за тајните на Џејмс. Со години собирала докази за неговите учества во оргии, посетување на геј сауни и собирање на порнографски содржини.
-Џејмс користеше лажен идентитет за да запознава мажи и жени со кои подоцна стапуваше во сексуален однос, а во својот компјутер чуваше голема количина на порнографски содржини, поточно порно филмови со настрани сцени: оргии, мачење, садо-мазо- рекла Бирт.
Според нејзините зборови, во животот на нејзиниот партнер биле важни само две работи – Бог и секс.
-И мене ме малтретираше, ме давеше, гризеше и плукаше бидејќи носев шорц пред градежни работници- додала несреќната жена.
Иако судот пресудил дека однесувањето на свештеникот не е криминален чин, било заклучено дека нанело штета на угледот на црквата.
Обвиненијата на Бирт биле проследени до полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како се бранеше попот: Јас сум курир, не сум дилер!
-
Молитва на свештеник ја згрози Англија: Принцот Џорџ да пронајде љубов во фин и млад господин
-
Скандалозен случај во Хрватска: Свештеник праќал непристојни фотографии и ги повикувал верничките на секс
-
Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник – се изморив од парите и жените


