| четврток, 6 декември 2018 |

Самир Насри нема да настапи за Севилја против Динамо Загреб

samir-nasri

Шпанскиот прволигаш Севилја ќе биде без услугите на фудбалерот од средниот ред, Самир Насри, за дуелот од групната фаза од Лигата на шампионите против Динамо Загреб во рамките од четвртото коло. Тој заработи повреда на бутниот мускул и во наредниот период ќе бидат направени дополнителни лекарски анализи за неговата здравствена состојба. Сепак, се очекува дека Французинот сигурно ќе го пропушти овој натпревар.

Во пресрет на овој дуел, тимот од Шпанија се наоѓа на втората позиција во групата, додека пак Динамо Загреб е на последното место и се уште нема освоено бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top