Српскиот министер изјавил дека ќе биде доста тешко поединечно да се изолираат отпечатоците еден од друг и да се според, поради што ќе бидат применети поинакви методи за обработка на овие трагови. Тие биле пронајдени на еден рачен фрлач, на бомбите и неколку пакети на муниција, објаснил Стефановиќ.
-Има некои лица за кои се сомневаме дека можат да помогнат во расветлувањето на случајот. Не запоставивме ниеден правец во истрагата, не исклучуваме ниедно сценарио, истакнал тој.
Српската полиција во саботата вечер во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската населба Јајинци пронајде автомобил со оружје, односно со рачен фрлач М-80 „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62 мм, како и неколку куршуми за автоматско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста