Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти се меѓу најпознатите ветерани кои успешно играат во најсилните фудбалски лиги, но тие не се единствените кои се длабоко четвртата деценија, а се уште играат на високо ниво. Овие фудбалери иако се на залезот на кариерата, не покажуваат знаци на стареење на теренот и се главни во своите клубови.
1. Ариц Адуриз (Атлетико Билбао)
Баскиецот во февруари ќе го прослави својот 36 роденден, а сеуште е прв напаѓач во тимот на Билбао. Тој е прв стрелец на тимот со пет голови во Примера, а запиша и една асистенција. Во неговите настапи за баскискиот клуб веќе два пати беше прогасен за играч на натпреварот.
2. Дирк Кајт (Фенорд)
Холанѓанецот има полни 36 години, но е еден од најдобрите играчи на препородениот Фенорд кој е на врвот на табелата во Холандија. Иако игра нешто подефанзивно за разлика од неговите улоги во тимовите во кои настапуваше во минатото, Кајт минатата сезона постигна 19 гола, а оваа по само десетина кола има постигнато четири.
3.Жоакин (Бетис)
Откако тој се врати во својот матичен клуб и на 35 години е најдобар дриблер во тимот. Најдобар е во уште една категорија, клучни додавања. Освен тоа што игра атрактивно, досега има постигнато 3 гола за Бетис.
4.Александар Маер (Ајнтрахт Франкфурт)
Германскиот џин кој веќе со години го води Франкфурт и не покажува знаци на стареење. Има 33 години и се чини дека е неуништив цели 12 сезони во дресот на Ајнтрахт. Половина од минатата сезона беше повреден и кога многумина помислија дека туке е неговиот крај, тој се врати посилен од било кога. Оваа сезона до сега има забележано три гола и една асистенција.
5.Џермејн Дефо (Сандерленд)
Одличниот напаѓач со своите 34 години е една од ретките светли точки во Сандерленд. Целата екипа на 9 меча од почетокот на сезоната има постигнато 6 гола, од кои 4 се дело на Дефо. Тој е најдобар во својот тим и во категоријата прецизни додавања со 82 посто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)