| четврток, 6 декември 2018 |

Тешки денови за пејачката: Срцето ми го кине, толку ја сакам, а таа не ме ни препознава

Пејачката Неда Украден во моментов преживува тешки семејни моменти, нејзината мајка е болна од Алцхајмерова болест, веќе не ја ни препознава, па пејачката морала кутрата старица да ја смести во дом за стари лица.

-Тешки се тие моемнти кога се прекршувате дали саканата мајка со која сте минале незаборавни 66 години од животот да ја дадете во дом за стари и немоќни лица. Многу ме мачеше тоа, се двоумев, има ли смисла, со месеци се борев со себе – открива Неда.
На старата жена болеста ѝ била дијагностицирана пред десет години, кога имала 81 година, а Неда вели дека најтешко ѝ е што веќе не ја препознава.

-Најтешко ми е што веќе не ја препознава ќерка ми Јелена, правнуците, мене… Срцето ми го кине, плачам секојпат кога ќе ја видам таква, но тоа е најдобро за неа, зашто веќе не може да живее сама – вели пејачката за „Аваз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top