| четврток, 6 декември 2018 |

Пет часа работа за еден час подолг сон: Колку мажи се потребни да го вратат времето (ВИДЕО)

Поместувањето на сказалките на светски познатиот часовник започнало уште во 21 часот вечерта во саботата, а целата задача била завршена пред 2 часот наутро. Точно во 2, сите часовници заѕвониле и така било означено преминувањето на зимското сметање на времето…
Последниот викенд во октомви веќе традиционално е одбележан и со враќањето на часовникот за еден час наназад. Тоа по правило значи дека имаме еден час помалку дневна светлина, како и тоа дека зимата е веќе пред нашите врати, но добро, некако сме навикнати да го надминеме и тоа.

И додека ние со еден прст го местиме времето на рачниот или ѕидниот часовник или воопшто не се грижиме за тоа со дигиталните часовници на компјутерите и на телефоните, дали некогаш сте се запрашале како изгледа поместувањето на сказалките на некој од огромните градски часовници? Подобар пример од најпознатиот часовник на светот, Биг бен, за тоа нема, па еве ја и приказната за поместувањето на сказалките на симболот на Лондон.

Благословени нека се дигиталните часовници коишто оваа промена ја прават сами – токму ова е мислата којашто веројатно секоја година минува низ главите на работниците коишто се задолжени за промена на времето коешто го покажува Биг бен.

Се прашувате зошто е тоа така? Па тоа е така затоа што местењето на сказалките на овој светски познат часовник трае ниту помалку, ниту повеќе, туку точно 5 часа. А причината поради која сето тоа се одвива толку бавно е прилично комплицираниот механизам во внатрешноста на часовникот, но фасцинантно е дека токму на таков механизам часовникот работи веќе повеќе од 150 години.

Часовникот којшто е сместен на височина од отприлика 100 метри, е стар 154 години, а за неговото одржување се грижи петчлена екипа предводена од Стив Џегс, којашто ја носи и титулата “чувари на големиот часовник”. Неговата екипа исто така е задолжена и за поместување на часовниците во зградата на парламентот, коишто се вкупно 2.000 на број, па таа задача трае во текот на целата ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top