Битолски матурант со стаклена чаша го расекол соптвеникот на ресторанот каде ја славел матурата, а потоа му се заканувал со нож.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.З.(18) од Битола за кривични дела тешка телесна повреда и насилство.
Завчера во 00,20 часот во Битола на улица Васко Карангелевски, во УО-Таверна „Ел Амигос“, каде имало прослава на матура, пријавениот со стаклена чаша го удрил сопственикот на објектот, М.К., нанесувајќи му повреда во пределот на лицето, а потоа со нож му се заканувал и предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните во објектот.
На М.К. му е укажана лекарска помош во Клиничка Болница Битола, каде е констатирана тешка телесна повреда. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



