| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на аеродромот во Чикаго: Патници избезумено бегаат од авион во пламен (ФОТО+ВИДЕО)

Авион на „Акерикан ерлајнс“ се запалил во петокот при полетувањето од пистата на аеродромот во Чикаго, а еден од патниците ја снимил драматичната евакуација на преплашените патници.
„Боингот 767″ се запалил најверојатно поради дефект на моторот, а огнот се разгорел по пукањето на гумата од десната страна на авионот.


Во тој момент во авионот имало 161 патник и девет членови на екипажот, кои биле успешно евакуирани. Полесно биле повредени 20 патници. На интернет кружи вознемирувачка снимка од евакуацијата која ја снимил еден од патниците, при која преплашените патници плачеле и врискале.
Иако за среќа драмата завршила без жртви, патниците со причина биле исплашени, сакајќи што побрзо да го напуштат авионот во пламен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top