| четврток, 6 декември 2018 |

Градежници во Белизе срушиле пирамида на Маите стара 2.300 години

Градежна компанија со булдожер срамни со земја една од најголемите пирамиди од времето на Маите за да извади камен потребен за изградбата на патот. Шефот на Археолошкиот институт на Белизе, мала тропска држава во централна Америка, д-р Хаиме Авем, изјави дека уништувањето на пирамидата е откриено на крајот од минатата недела и дека останал само еден мал дел од пирамидата. Аве додава дека се разболел кога ја слушнал веста за уништувањето на пирамидата Номул и платформата на храмот, кои се стари повеќе од 2.300 години и претставуваат најзначаен археолошки комплекс во северен Белизе, блиску до максиканската граница.

 

341147_maje-unistena-piramida-belize2-ap_ff– Не можам да поверувам како некои луѓе може да бидат толку глупави и нечувствителни… тие го искористиле тоа за да пополнат дупка на патот – рече Аве. Се чувствувам како некој да ме удрил во стомакот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top