Доктор Османагиќ, главниот истражувач и откривач на босанските пирамиди откри влез во второто ниво на тунелот кој се наоѓа под подземниот лавиринт на Равна и Високо. Во септемви 2015 откриени се неколку комплексни тунели 20 метри под постоечкото прво ниво кој е ископан пред речиси десет години.
Второто ниво на тунелот или „Равна 2“ како што го нарече доктор Османовиќ запечатени се исто како и тунелите на Равна. Материјалот кој се користел за пополнување на тунелите е идентичен со оној кој постои во горните нивоа на лавиринтот.
Според истражувањата, енегретските својства на подземниот лавиринт се идентични со оние кои се забележани на пирамидите во Високо што ги натера истражувачите да веруваат дека постои цврста врска меѓу нив.
Според Османагиќ и неговиот тим, преку 1,7 километри долгиот лавиринт до сега е среден и расчистен, но за да се исчисти целиот комплекс ќе биде потребно повеќе време.
Според извештаите од Високо, откривањето на второто ниво на тунелот и дава на босанската пирамида друга димензија. Истражувачите веруваат дека вертикалните тунели се изградени со цел да ги поврзуваат двете нивоа. Со оглед на тоа дека наближува зимата, тимот планира да почне со ископувања од пролет 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.