| четврток, 6 декември 2018 |

Заради „крајот на светот“, оштетен храм на Маите

После очекуваниот крај на светот, кој не се случи, време е да се утврдат и направените штети кои ги направија луѓето кои веруваа во пророштвото, а кои не се состојат од човечки жртви туку од материјална штета.

Па така, огромниот број на туристи кои дојдоа во Гватемала за да бидат присутни на церемонијата одржана во петокот, успеале да оштетат стар споменик лоциран во националниот парк Тикал, каде се наоѓа најголемото археолошко пронаоѓалиште и воедно центар на цивилизацијата на Маите.

„За жал голем број на туристи се качуваа на храмот и предизвикаа штета“ – изјави Освалдо Гомез, кој е задолжен за грижа на местото.

Тој не прецизира што конкретно е уништено, но за медиумите изјави дека е забрането луѓето да се качуваат по скалите на храмот и дека штетата е непоправлива.

„Ја разбирам прославата, но туристите треба да се свесни дека ова место е под заштита на УНЕСКО“ – додава тој.

Повеќе од 7.000 луѓе го посетиле Тикал во петокот за да присуствуваат на церемонијата која ја одржа свештеник со што се обележа почетокот на новата ера.

Тикал е дел од светското културно наследство од 1979 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top