Оклахома ја забележа и третата победа во западната конференција овој пат со убедливи 113-96 над Лос Анџелес Лејкерс. незапирливиот Расел Вестбрук одлично ги предводеше своите соиграчи на паркетот до новата победа забележувајќи трипл-дабл од 33 поени, 16 асистенции и 12 скокови.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се вратија во „Стејплс центарот“ и забележаа победа против Јута Џез со 114-106, со што сега имаат две победи на исто толку натпревари во најсилната лига на светот. Момците на Док Риверс по победата на гостувањето кај Портланд, вечерва беа уште поубедливи и покажаа недвојбена моќ под обрачите.
Блејк Грифин со „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 10 скока го имаше најдоброто постигнување на натпреварот, а Остин Сандерс со еден поен повеќе беше најефикасен на средбата. Џемал Крафорд со 12 поени исто така одигра одличен натпревар. Џорџ Хил со 18 поени беше прво име во поразениот состав на „џезерите“.
НБА резултати:
Оклахома – ЛА Лејкерс 113-96, Хјустон – Далас 93-92, Мемфис – Вашингтон 112-103, ЛА Клиперс – Јута 88-75, Детроиот – Милвоки 98-83, Мајами – Сан Антонио 99-106, Феникс – Голден Стејт 100-106.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)