| четврток, 6 декември 2018 |

На Јадранот ништо ново, очекуван пораз на МЗТ Скопје (видео)

mega-leks

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје им се врати на поразите во регионалната АБА лига. Кошаркарите на Александар Јончевски денес загубија на гостувањето кај Мега Лекс во Сремска Митровица со 87-72 и останаа на дното на табелата, заедно со вториот македонски претставник, екипата на Карпош Соколи.

Домаќините започнаа со серија од 7-0 и само најавија што ќе се случува во остатокот од натпреварот. Загорац и Новак беа незадржливи за кошаркарите на МЗТ Скопје, па очекувано на полувреме се замина со предност за домашната екипа (42-38).

Избраниците на Јончевски немаа одговор на цврстата одбрана, а со оглед на придонесот на резервните играчи, не можеше да очекува позитивен резултат од гостувањето во Сремска Митровица. Последната четвртина, кошаркарите на Мега Лекс ја одиграа рутински и ја заверија својата втора победа во новата сезона од АБА лигата.Само тројца кошаркари кај нашиот шампион запишаа двоцифрена бројка на поени и тоа Скот (22), Лалиќ (15) и Тејмс (13).

mzt-skopje

Кај домаќините очекувано најефикасен беше Цанцар со 23 поени, следен од Загорац, кој го заврши мечот со 19 поени. Наредната сабота, МЗТ Скопје ќе ја пречека екипата на Унион Олимпија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top