| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за оружјето пронајдено во близина на куќата на Вучиќ: Потекнува од боишта во Хрватска и БиХ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави денеска дека со истрагата досега е утврдено потеклото на дел од  оружјето пронајдено во Јајници недалеку од куќата на премиерот, но се чека резултат од ДНК анализата.

Тој рече дека е утврдено потеклото на дел од оружјето, односно дека дел од тоа потекнува од боишта во Хрватска, а две од четири бомби се од боишта од БиХ, од подрачјето на Сараево.

Наведе дека засега не се знае кога и како оружјето е оставено таму, но и дека целиот случај е прашање за разузнавачките служби.

– Вечерва чекаме резултати од ДНК анализа и да се утврди дали тоа лице може да се спореди со некој од нашата база податоци, изјави Стефановиќ за ТВ Прва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top