Централното собрание на ДПА на денешниот состанок во Советот на општина Тетово ги утврди листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.
Според оваа одлука, носител на листата во Изборната единица 1 ќе биде Идриз Орана, во Изборната единица 2 Орхан Ибраими, Сами Рушити ќе биде носител на листата во Изборната единица 3, во Изборната единица 5 носител е Адријан Усеини, додека претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе биде носител на листата за пратеници во Изборната единица 6.
– Централното Собрание на ДПА како највисок орган на партијата меѓу два конгреса и согласно стаутот, ги утврди листите за пет изборни единици во државата со нивните носители, изјави портпаролот на ДПА Беким Фазлиу.
Тој посочи дека на денешниот состанок на Централното собрание немало други точки за расправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации