Челси тргна со многу осцилации на стартот од сезонава, но Антонио Конте конечно ги склопи коцките онака како што посакува, па неговиот тим врза четири победи во низа, задржувајќи го чекорот зад водечките Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул.
Лондонскиот клуб попладнево славеше на гостувањето против Саутемптон со 0-2, прекинувајќи ја успешната серија на „светците“, кои беа без пораз во претходните пет кола (три победи и две реми). Азар го отвори резултатот по само шест минути игра, а Саутемптон доминираше во преостанатиот дел од првото полувреме, во кое домаќините имаа над 70 проценти од поседот на топката, но не успеаја да постигнат гол.
Дилемите околу победникот ги разреши Диего Коста со прекрасен погодок во 55. минута, со што Челси стигна до седмиот триумф во десеттиот меч сезонава.
Со новата победа Челси го задржа чекорот со водечката тројка, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул е понатаму е само бод зад нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)