По затворањето бегалскиот камп на француско Кале, „Џунглата“, многумина
од раселените се селат во Париз. Бројот на мигрантите што спијат на париските
улици се зголемил најмалку за трипати од почетокот на неделава, пишува е-магазин. Канцеларијата за пречекување и придружување на мигрантите неделава објави дека бројот на барателите на азил во областа нагло скокнал од 2.000 до 3.000. Откако неколку години служеше
како нелегален камп за мигрантите што се обидуваа да стигнат до Велика Британија, „Џунглата“ беше урната оваа недела, а нејзините повеќе од 6.000 жители беа преместени во кампови низ Франција. Градот Париз планира да отвори два
мигрантски центри, но тие би имале капацитет за само 1.000 кревети, пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.