Македонија е во фокусот на гастрономска приказна на „Вог“. Нашата земја беше претставена од модната библија како посакувана дестинација за гурмани.


Со помош на фотографии од Јане Јосифовски и коментари од неколку сопственици на ресторани и хотели, авторката Клер Волкман се обиде да ја долови гурманската душа на Македонија.


-Македонија е земја за која веројатно сте слушнале попатно – едно од оние места на Балканот кои некогаш беа дел од Југославија. Земја која често е занемарена и заобиколена за сметка на попривлечни земји на блескавото крајбрежје, како Хрватска и Црна Гора. Тоа е место кое поголемиот дел од својот живот е заглавено меѓу земји во војна (Србија и Косово), што им отежнува на посетителите од Западот да му дадат шанса. Тоа е тажно, земајќи предвид што пејзажите се занемувачки убави, луѓето се едни од најгостопримливите… Каде и да одите, секое јадење е приготвено со страст и љубов…. И не само тоа, фокусот е целосно на квалитетот – што значи дека сè е направено од нула, без адитиви и презервативи на кои сме навикнати со храната на Запад“ – пишува Волкман.


И покрај тоа што темата на статијата е храната, статијата доби стотици коментари кои се однесуваат на политиката на Грција кон Македонија. Десетици Грци се категорични дека „Вог“ направи огромна грешка што нè претстави под името Македонија, а не како FYROM.


-Вог, можеби треба да ги едуцирате своите писатели! Очигледно се збунети… Македонија е во Грција. Вие зборувате за FYROM, Скопје, Вардарска?“ – пишува еден читател на сајтот на „Вог“.

извор: Фемина.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


