Списанието „Вог“ е обвинето за фотошопирање на новата насловна страна за манекенката за поголеми броеви конфекција Ешли Греам да изгледа потенка.
Насловната страница за март се појави со наслов „Револуција на убавината”, а на неа се Џиџи Хадид, Ешли Греам, Кендал Џенер, Адвоа Або, Ли Вен, Виториа Черети и Иман Хамам и тврди дека новите норми се во тоа дека нема норми.
Сепак, тие се најдоа на удар на фановите на Инстаграм кои заклучиле дека раката на Џиги Хадид е „продолжена”.
– Што се случува со раката на Џиџи Хадид? Очигледно е фотошоп, забележале многумина. Стоп за фотошопирање женски тела. Вие сте бренд со влијание, погрешно претставување жена е неприфатливо – беа дел од коментарите.
Некои додадоа дека целата работа нема врска со различностите, со оглед на фактот дека со тежината се издвојува единствено Ешли Грам, а тоа уште се обидува и да се скрие. Некои биле лути, затоа што забележале дека Ешли е единствен модел која со рака ги покрива нозете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.