По претходниот убедлив пораз од Џенова, Милан повторно се врати на победите во италијанскиот шампионат славејќи со 1-0 против Пескара во 11. коло од Серија А.
Стрелец на единствениот гол за „миланезите“ беше Бонавентура во 49. минута од средбата директно од слободен удар. Иако имаа повеќе од играта и создадоа неколку шанси, избраниците на тренерот Монтела не успеаја поубедливо да го совладаат денешниот противник. Сепак со новите три бода „росонерите“ се вратија на третото место на табелата кое води во Лигата на шампионите и се пет бода зад лидерот Јувентус.
До триумф стигна и Лацио со 2-1 против Сасуоло. Лулиќ во 50. минута го отвори резултатот, а Имобиле во 55. минута зголеми на 2-0. Дефрел во 57. минута постигна само почесен погодок за гостите.
All Goals HD – Lazio 2-1 Sassuolo – 30-10-2016 by Bayeo
Кротоне славеше со 2-0 против Киево. Со голот на Трота од пенал во 45. минута домашните дојдоа до предност, а Фалчинели во 92. минута ги постави конечните 2-0. Рома не успеа да го скрши отпорот на гостувањето против Емполи играјќи натпревар без голови.
РЕЗУЛТАТИ – 11. коло:
Милан – Пескара 1-0, Емполи – Рома 0-0, Лацио – Сасуоло 2-1, Кротоне – Киево 2-0, Аталанта – Џенова 3-0
Сампдорија – Интер (20:45 ч.)
ТАБЕЛА: Јувентус 27 бода, Рома 23, Милан 22, Лацио 21, Наполи 20, Аталанта 19,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот