Бетис ја забележа својата трета победа во рамките од шпанската АЦБ лига откако попладнево славеше над Обрадорио со резултат , триумф за кој најзаслужен беше Војдан Стојановски. Македонскиот ас беше најдобар во моментите кога беше најпотребно, овозможувајќи пресврт во третата четвртина, со што го трасираше патот на „зелено-белите“ до нов триумф во шпанскиот шампионат.
Мечот почна слабо за Бетис, откако гостите со одлична игра во првите десет минути поведоа со 13-21. Ваквата предност се одржуваше се до третиот период, во кој домашниот состав направи целосен пресврт. Во главна улога беше токму Стојановски, кој постигна осум поени и имаше неколку асистенции, со кои обезбеди пресврт и во последните десет минути се влезе со 55-51. Со трите слободни фрлаа на Македонецот тимот на Бетис поведе со 70-60, најубедлива позитива што Бетис ја имаше во натпреварот. Гостите до крајот успеаја опасно да се приближат, но Бетис со слободните фрлања на Нахбар и на Жориќ ја задржа предноста, се до конечните 79-74.
Војдан Стојановски беше втор стрелец во својот тим со 15 поени (еден помалку од Нахбар), а зад името на македонскиот репрезентативец останаа запишани и пет асистенции, четири скока и две украдени топки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ноќ за заборав на „Бернабе“: Натпреварот со Бетис најлош на Роналдо во последните две години (Видео)
-
Барса лесно го совлада Бетис, Меси три пати ја погоди рамката од голот (Видео)
-
Стојановски: Две различни полувремиња, покажавме карактер
-
Стојановски: Задоволни сме што победивме со мал број примени кошеви