Вистинскo лудило владееше на натпреварот од чилеанското првенство меѓу Универзидад Католика и Аудакс Италијано, на кој домаќините славеа со убедливи 4-1. Гостинските фудбалери беа крајно разочарани од ваквиот исход, но границата дефинитивно ја мина нивниот голгетер Себастијан Пол, кој на патот кон соблекувалната се качи на една од трибините и тргна да се тепа со навивачи. Тој замавна (и промаши) еден од домашните фанови, по што веднаш се симна, страстите уште повеќе се разгореа, а Пол беше пријавен за насилството на фудбалски натпревар, по што уште на стадионот беше приведен од страна на полицијата.
Од таборот на Аудакс Италијано тврдат дека навивачот плукал кон клупата на гостинскиот тим, но полицијата не го зела тоа во предвид, па се очекува Себастијан Пол да се појави на суд, по што ќе се решава каква казна ќе добие фудбалерот.
El caótico final entre Universidad Católica y Audax Italiano que terminó con Sebastián Pol agrediendo a un hincha cruzado. pic.twitter.com/1rgm4C3fGo
— Canal del Fútbol (@CDF_cl) October 30, 2016
[VIDEO] Sebastián Pol fue detenido por Carabineros por infracción a la Ley de Violencia en los Estadios pic.twitter.com/0BhPn7QFXf
— Canal del Fútbol (@CDF_cl) October 30, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)