| четврток, 6 декември 2018 |

Израелски тенисер тврди: Обложувачката мафија стигна и до Ѓоковиќ

novak-djokovic

Веќе подолг период тенисерите се под „лупа“ заради големиот број на наместени натпревари, а не толку познатиот тенисер од Израел, Амир Веинтрау откри дека и Новак Ѓоковиќ имал проблеми со обложувачката мафија.

– Обложувачката мафија контактира со сите тенисери, па дури и со најдобрите како што е Новак Ѓоковиќ. Тие луѓе им приоѓаат на сите тенисери, тоа се случува од седмица до седмица, особено во Русија. Можеби некои послабо рангирани паѓаат во искушение, бидејќи тие нудат големи суми на пари за цела сезона – вели 30-годишниот тенисер.

Засега во ниту еден случај на наместен натпревар сериозно не е поврзан Ноле, иако се шпекулираше дека во неговите почетоци на оваа игра имал неколку сомнителни порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top