Јувентус триумфираше против Наполи со 2-1 во дербито од 11. коло на Серија А, и тоа благодарение на погодокот на довчерашниот играч на „наполитанците“, Гонзало Игуаин.
Дуелот во Торинот епитетот дерби го оправда во второто полувреме кога во 50. минута Јувентус поведе преку Бонучи. Сепак, само четири минути подоцно беше 1-1, а мрежата на Јувентус ја затресе Каљехон.
Во 71. минута се случи токму она што го посакуваа навивачите на „Старата дама“, Гонзало Игуаин погоди против својата довчерашна екипа.
Аргентинецот не сакаше да го прослави својот погодок, но тешко дека тоа ќе му успее да ја поправи репутацијата кај навивачите на Наполи.
По оваа победа Јувентус со 27 бода се зацврсти на врвот од табелата, а Наполи остана на 20 бода, во очекување на останатите натпревари од ова коло, во моментов на третата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)