| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо ново во Формула 1, Мерцедес ги зазема првите две позиции во квалификациите за ГН на Мексико

luis-hamilton

Ништо ново не се случува во Формула 1. По освојување на шампионската титула за конструктори, Мерцедес ќе го има и шампионот во поединечна конкуренција. Пилотите на овој тим продолжуваат да ги освојуваат најповолните позиции на стартот на трките. Луис Хамилтон ја освои својата десетта пол-позиција во тековната сезона, овој пат за трката за Големата Награда на Мексико. Неговиот тимски колега Нико Розберг че го дополни првиот ред додека двоецот на Ред Бул ќе им дише во врат веднаш зад нив.

Од третиот ред ќе стартуваат Хулкенберг и Раиконен кој има казна од пет места поради промена на менувачот, а првите осум болиди ки комплетираа Себастијан Фетел и Валери Ботас.

formula-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top