Групацијата „Фершпед“ во првите три месеци од годинава забележи нето-загуба од околу 745.000 евра, се наведува во консолидираниот биланс на успех на групацијата, објавен на „Македонска берза“. Оперативните приходи имаат раст за 16 проценти, но, исто така, раст од 17 проценти имаат и оперативните трошоци.
Според финансискиот извештај за првиот квартал од годинава, „Фершпед“ оствари раст на приходите од продажба на домашен пазар за 58 проценти (1,23 милијарди денари) и пад на приходите од продажба на странските пазари за 58 проценти (околу 202 милиони денари).
Групацијата во овој период од годината ги зголеми трошоците и тоа, главно, поради зголемени трошоци за вработените, набавните цени на трговските стоки, како и за материјали, ситен инвентар и услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



