| четврток, 6 декември 2018 |

„Фершпед” вложи уште 125.000 евра во акции на „Европа”

fersped250

„Фершпед“ вo петокoт плати 809 денари и за акција што e само 32 отсто од последната цена што за таа акција ја плати „кичевскиот бакал“ пред неполн месец.

„Фершпед“ стана најголем поединечен акционер во скопаката кондиторска индустрија „Европа“, објави денеска таа компанија преку веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

„Фершпед“ во петокот плати 7,68 милиони денари (околу 125.000 евра) за 9.489 акции со право на глас во „Европа“. Овие акции сочинуваат 3,71 отсто од сите акции во „Европа“, а со нив сега „Фершпед“ поседува вкупно околу 22 отсто од сите акции и е најголем поединечен акционер во таа компанија. Единечната цена по акција изнесуваше 809 денари што претставува пад на цената од 1.712 денари во споредба со последната цена за акција (2.512 денари) што беше платена пред неполн месец.

Засега не се знае кој е продавач на овие акции, а има шпекулации дека станува збор за капитал што е продаден од извршител и кој претходно бил даден во залог како обезбедување за заем. Но тоа е информација која не е потврдена.

Сега во акционерската структура на „Европа“ по „Фершпед“ најголем акционер е „Макошпед“ со 19 отсто од акциите, а на трето место кичевската малопродажна фирма „Сењак Ас“.

Компанијата во сопствен откуп чува околу 10 отсто од акциите, кои со овој статус се без право на глас. Според официјалната евиденција на Централниот депозитар на хартии од вредност, „Европа“ има вкупно 55 акционери кои поседуваат 255.583 акции. Меѓу нив 10 домашни правни лица поседуваат 71,8 отсто од акциите, 40 физички лица поседуваат 10 отсто од акциите и уште 4 странци (физички лица) поседуваат 18 отсто од капиталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top