Фудбалерите на Атлетико Мадрид им се вратија на победите во Примера дивизија, по поразот од Севилја во претходното коло, откако денеска во 10. коло славеа убедлива победа против тимот на Малага од 4-2.
Караско и на Гамеиро со по два гола беа најзаслужни за победата на избраниците на Диего Симеоне кој очигледно добро ги мотивирал своите играчи по несреќниот пораз од Севилја.
Веќе по 24 минути игра беше јасно кој ќе ја носи победата, откако Караско погоди во 7. минута а Гамеиро во 24. минута. Гамеиро својот втор гол го постигна во 44. минута а во финишот Караско заокружи на 4-2, откако претходно за гостите стрелаа Рамирез и Камачо.
Со овие три бода, Атлетико Мадрид има 21 бода, за враќање на втората позиција заедно со Севилја, а веднаш зад Реал Мадрид кој има 24 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)