| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: ВМРО-ДПМНЕ влегува подготвен во новата предизборна трка, со одлична и содржајна програма

– Десетина денови членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се на терен, помеѓу своето членство, помеѓу своите граѓани. Ги посетуваме сите градови, општини и помали населени места, секој еден човек за нас има подеднакво важно значење, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски кој денеска ја посети општината Конче, каде што оствари средба со ОК на ВМРО-ДПМНЕ Конче и разговараше со тамошните жители.

Тој додаде дека како никогаш досега ВМРО-ДПМНЕ влегува подготвен во новата предизборна трка, со одлична и содржајна програма, со високо ниво на ентузијазам и желба за нова победа на изборите.

– Важен е секој еден глас, за нас 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за нови патишта, водоводи, канализациони системи, за продолжување на модернизацијата на здравствениот систем, за подобро образование, за отворање на нови работни места, за посодржаен живот на помладите генерации и за помирна старост на пензионерите. Народот е со нас, ние работиме за народот. За успешна и стабилна Македонија – изјави Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top